Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани можно е да ги напушти редовите на ПСЖ во летниот преоден рок.
После шест години успешна соработка, раководството на францускиот првак одлучи Уругваецот да го стави на трансфер листата, а тој факт доведе до интерес од неколку тимови.
Првиот кој се јави со официјална понуда е Атлетико Мадрид. Раководството на овој тим до ПСЖ испрати понуда од 45 милиони евра за услугите од 32 годишниот фудбалер и оваа понуда Парижаните најверојатно би ги задоволила.
Кавани исто така ќе добие огромна плата во Атлетико. Ќе му понудат 20 милиони евра по сезона и тоа ќе биде доста доволно за да го уверат Кавани за да го потпише договорот.
За сега понудата на Атлетико е единствена во Париз. Интерес за него покажуваат и Наполи и Манчестер Јунајтед, но Уругвајскиот фудбалер за сега е најблиску до заминување во Ла Лига.
Кавани во Париз пристигна во 2013 година од Наполи и 32 годишниот напаѓач во Франција има одиграно 186 натпревари и има постигнато 134 погодоци.
Разни француски медиуми сугерираат дека и германскиот плеј-мејкер Џулијан Дрекслер би можело да го напушти Париз ова лето.
Тој има договор до 2021 година и клубот ќе проба да заработи од неговото заминување, а се очекува да заминат и уште неколку играчи од првиот состав на тимот.
Да се потсетиме, Атлетико остана без голем број на фудбалери од својот прв тим и во наредната сезона тимот на Диего Симеон ќе изгледа драстично поразлично во однос на тимот од оваа сезона.