Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата која е еден од трите домаќини на Европското првенство, Австрија, имаше доста успешен почеток на континенталниот собир откако со 32-29 славеше против селекцијата на Чешка.
Натпреварот беше израмнет текот на сите 60. минути, а разликата само на крајот стигна до три голови позитива за домашниот тим.
Во редовите на Австрија се истакна бекот на Кил, 23 годишниот Никола Билик кој постигна 12 погодоци, а одличен натпревар одигра и искусниот Јанко Божовиќ кој постигна седум голови.
Во 20:30 часот на програмата е закажан вториот натпревар од оваа група во кој Македонија ќе игра против селекцијата на Украина.