Во Реал Мадрид очигледно веќе не мислат дека Кристијано Роналдо е најдобар во светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во фудбалот уште долго време главно прашање ќе биде кој е подобар Линел Меси или Кристијано Роналдо, а секако ние сеуште имаме среќа да уживаме гледајќи ги на терените.

Меси и Роналдо го одбележаа фудбалот во изминатите десетина години и освоија скоро се што можеше да се освои. Меѓутоа, сигурно ќе остане прашањето кој е подобар играч.

На оваа тема говореше и играчот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, кој на изненадување на многумина не застана баш на страната на својот поранешен соиграч Роналдо.

Обично фудбалерите на Реал како „од топ“ одговараа дека нема дилеми и дека Роналдо е подобар од Меси, но откако Португалецот го напушти кралскиот клуб, очигледно тоа се проминило.

Карвахал рече дека тие и не можат многу да се споредуваат, бидејќи се работи за играчи со други карактеристики, но дека тоа е сеедно, тие и понатаму се најдобри на светот.

„Тешко е да се споредат Меси и Роналдо. Тие се најдоби играчи во историјата, но многу се разликуваат. Меси е играч кој повеќе го претставува фудбалот, има подобра визија на теренот за додавање и сака да му е топката секогаш во нозете. Од друга страна Роналдо се фокусира секогаш да е околу голот и да постигнува голови. Многу се различни, но неверојатно добри фудбалери“, порача Карвахал.