Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Винисиус Жуниор повторно предизвика хаос во Мадрид. Незадоволен од замената направи сцена, а потоа се обиде да влезе во конфликт со играчите на Барселона. За легендата на клубот, Фернандо Мориентес, ваквото однесување на еден играч е недозволиво.
Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Морјентес се обруши на ѕвездата на клубот Винисиус Жуниор поради неговото однесување на теренот за време на Ел Класико. Го навреди однесувањето на Бразилецот откако Чаби Алонсо реши да го замени.
На 20 минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, тренерот на кралската екипа одлучи да го изведе Вини и на терен да влезе Родриго. Тогаш настана хаос.
Бразилската ѕвезда почна да мавта со рацете, почна да негодува поради замената, а потоа замина право во соблекувалната без поздравување со тренерот.
За Мориентес ова е израз на огромно непочитување. Легендата на клубот добро знае што би направила со него.
“Пред сè ова е недостиг на почит кон тренерот. Тој е тој што носи одлуки,” наведува Морјентес за Копе и продолжува:
“Можеш да се лутиш, можеш да покажеш незадоволство, но тоа му го кажуваш на својот тренер наредниот ден. Ова за мене е израз на непочитување за соиграчот што влегува во игра и момчето кое му е соиграч и во репрезентацијата. Ова е непочитување за навивачите, стручниот штаб, за сите…”
.Винисиус Жуниор може да имал свои причини.
— Мауро Сезар (@maurocezar) 26 октомври 2025
Но, ако ги имаше, Винисиус Жуниор ги изгуби кога го напушти теренот на ваков начин.
Толку едноставно.
pic.twitter.com/gbAgBNzU4U















