Во Реал решија – Роналдо останува до крајот на кариерата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според наводите на медиумите во Шпанија и Британија, тројца фудбалери ќе потпишат нови договори со Кралскиот клуб.

Како што Скај Спортс пренесува, Ресал е спремен да понуди нови договори на Кристијано Роналдо, Гетет Бејл и Мартин Одегард!

Герет Бејл има важечки договор до 2019 година, но управата има намера да ја продолжи соработката до 2021 година.

Нормално ќе добие Бејл и убаво зголемување, со што ќе стане втор најплатен играч во Реал позади Роналдо.

„Лос Бланкоси“ сакаат да го задржат и Одегард, иако имаше приказни дека може да замине дека не му е укажана вистинска шанса.

Тој истотака ќе добие договор до 2021 година, а се обелодени и дека нема да преминува на позајмица во Рен бидејќи е премногу млад за таков вид на трансфер.

Што се однесува до Роналдо, тука дефинитивно Реал е спремен да направи нешто досега невидено.

Тие се имено спремни со Португалецот да преговараат околу договор со кој во клубот од Бернабе ќе остане до крајот на кариерата!

Доколку се договорат, Роналдо ќе остане најплатен играч на светот, со плата далеку поголема од таа на Меси.