Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стефан Ел Шарави потпиша до 2020-та година, Милан заработи 13 милиони евра.
Трансферот на Ел Шарави во Рома и официјално потврден. Волчицата му уплати на Милан 13 милиони евра колку што беше и договорено кога беше пратен на позајмица во јануари, па репрезентативецот на Италија од денес и официјално е фудбалер на римскиот клуб.
Ел Шарави минатите шест месеци одигра 16 натпревари и постигна 8 погодоци, а договор со Рома потпиша до 2020-та година.
„Денес е многу важен ден за мене бидејќи и официјално сум фудбалер на Рома. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Палота, спортскиот директор Сабатини, тренерот Спалети, моите соиграчи и цела Рома. Сите тие ми покажаа доверба од првиот ден, посебно навивачите кои од првиот ден ми дадоја огромна топлина и љубов. Се надевам дека ќе имаме многу причини за задоволство“, изјави Ел Шарави.