Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Веруваат во своите квалитети.
Ајакс синоќа ремизираше против Јувентус и јасно му е дека се е отворено.
Старата Дама во реваншот пред своите навивачи беше фаворит, но тоа секако дека ништо не значи. Ајакс синоќа ги покажа своите квалитети и веруваат дека Холанѓаните можат да стигнат до ново чудо.
Стандардно во домашните редови добар натпревар овозможи дефанзивецот Де Лигт.
„Не сме случајно во четврт финалето. Сега знаеме дека мораме да го дадеме максимумот од нас на наредниот натпревар. Јувентус е многу јак во Торино, сите тоа го знаат“, изјави Де Лигт.
Неодамна се појави информација дека овој дефанзивец на лето ќе оди во Барслеона, но тоа засега нема да се случи.
„Веќе одредено време пишуваат за мене. Кажуваат дека сум нов играч на Барселона, а јас сум уште во Ајакс. Очигледно немаат добри информации“, рече Де Лигт и се надоврза:
„Не работам на заминување. Апсолутно ништо не се случува и фокусиран сум само на завршницата на сезоната“.