Во Торино моментално владее вистинска лудница


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На лекарски прегледи стигна еден од најдобрите млади фудбалери во светот, 19-годишниот Холанѓанец, Матијс де Лигт, кој денес ќе стане нов член на Јувентус.

Де Лигт во Торино стигна синоќа откако беше постигнат договор за негов трансфер од Ајакс. Денес ќе поминат лекарските прегледи и тој ќе потпише петгодишен договор со Старата дама.

Доаѓањето на холандскиот фудбалер донесе вистинска еуфорија помеѓу навивачите на торинскиот клуб, па тие му приредија срдечно добредојде.

Матијс де Лигт ќе ги кошта Бјанконерите 75 милиони евра, а во Торино ќе заработува 12 милиони по сезона.