Водач на албанските ултраси: Го бојкотиравме натпреварот со Србија бидејќи се обидоа да нè поткупат


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Албанија и Србија играа без голови во квалификациите за СП, но натпреварот во Тирана беше главната тема. Причината беа високите тензии под кои се одиграа како и големата нетрпеливост.

Но на натпреварот не беа присутни најжестоките навивачи на Албанија. Нивниот водач Гезим Бајрами ден по натпреварот во телевизиската емисија Фаворит откри зошто го бојкотирале натпреварот против големите ривали.

„На последниот состанок со Албанскиот фудбалски сојуз, претседателот Арманд Дука и неговите соработници се обидоа да нè поткупат. Ни рекоа дека ќе добиеме билети за натпреварот ако молчиме за заедничката организација на У-21 Европскиот со Србија”, изјави Бајрами.

Фото: Принтскрин