До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дани Карвахал сè повеќе е свесен дека неговото време во кралскиот клуб полека изминува, пренесуваат шпанските извори.
Искусниот десен бек, познат по борбеноста и лојалноста е пред можеби најтешката одлука во кариерата – да го напушти клубот на кој му дал речиси сè.
Иако конечната одлука сè уште не е донесена, се очекува Карвахал да пресече на крајот од сезоната, а сè повеќе сигнали насочуваат дека актуелната сезона може да биде негова последна во белиот дрес.
Неговиот договор истекува во јули, а во овој момент, според пишувањата на шпанските медиуми, тој е поблиску до заминување отколку до продолжување на соработката со Реал Мадрид.
Како најреална дестинација се спомнува Катар, каде што веќе игра неговиот зет и близок пријател Хоселу, што дополнително влијае на одлуката на Карвахал.
















