Војна меѓу Барселона и Реал: Лапорта почна, па доби одговор од Мадрид! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Реал Мадрид влегоа во војна поради случајот „Негреира“, откако претседателот на каталонскиот гигант ги обвини „кралевите“ дека тие најмногу добиваат помош од судиите и немаат право да направат ваков потег.

Лапорта го критикуваше претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, а потоа „распука“ по Реал Мадрид.

„Сакам да го потенцирам случајот со Реал Мадрид, кој од секогаш во историјата беше фаворизиран. Сакам да ве потсетам дека пред 70 години, мнозинство од луѓе кои ги одредуваа судиите беа директори и членови на Реал Мадрид“, вели Лапорта.

Реал Мадрид одговори на ова и потенцира дека Барселона била поврзана со режимот на Франко и бенефитите кои ги добиле.

„Барселона доби златен беџ од Франко, кој потоа беше поставен за почесен партнер во 1965 година. Барселона трипати беше спасувана од банкрот од Франко“, вели клубот од Мадрид.