Вокер беше јунак на Сити, Мане го спаси Ливерпул, Арсенал повторно разочара!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу интересни беа натпреварите од 11. коло во англиската Премиерлига, кадешто фаворитите Манчестер сити и Ливерпул во последни минути се спасуваа, додека Арсенал разочара и одигра реми со Вулверхемптон.

Саутемптон водеше од 13. минута, но Сити успеа да се врати во мечот во 70. минута (1-1), а потоа Вокер во 86. минута ги постави конечните 2-1.

Ливерпул губеше до 87. минута против Астон Вила, која поведе со голот на Трезеге во 21. минута, но Робертсон потоа израмни, а Мане направи целосен пресврт.

Арсенал разочара на „Емирати“, откако одигра 1-1 против Вулверхемптон, иако водеа со голот на Обајеанг, но Хименез ги спаси гостите во 76. минута.

Њукасл на гости кај Вест хем славеше со 3-2, Шефилд го победи Барнли со 3-0, а Брајтон беше подобар од Норвич со 2-0.