Волф по судиот меѓу Расел и Хамилтон: Мора да бидеме попаметни во иднина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Луис Хамилтон испадна од трката за Големата награда на Катар уште во првиот круг откако се судри со тимскиот колега Џорџ Расел, додека помладиот Британец успеа да ја заврши трката.

Хамилтон призна дека бил виновен за инцидентот, а по истиот се јави првиот човек на тимот, Тото Волф кој вели дека мора да бидат попаметни во иднина.

„Како екипа никогаш не сакате вашите два болиди да учествуваат во судир. Тоа нè нервира затоа што загубивме бодови, но мислам дека ќе бидеме попаметни и посилни во иднина. Фокусирани сме на следните предизвици“, вели Волф.