Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Волците“ пронајдоа замена за Андре Ширле од клубот во кој и го испратија.
Останаа без Ширле кој премина токму во Борусија Дортмунд, а сега е објавена “рокада“.
Нов играч на Волфсбург е полскиот репрезентативец Јакуп Блашчиковски, кој доаѓа од редовите на Милионерите за 5 милиони евра, наведува “Кикер“.
Популарниот „Куба“ во минатата сезона играше на позајмица во Фиорентина, а во Серија А на 15 настапи запиша два гола и две асистенции.
Полјакот е во редовите на Борусија од 2007 година, а со клубот од „Сигнал Идуна Парк“ имаше договор до 2018 година.
Сепак, после доаѓањето на Геце и Ширле, извесно стана дека е вишок кај Томас Тухел, и само се чекаше кога ќе замине од клубот.
Одигра „Куба“ одлично на минатото Европско првенство за својата репрезентација, запиша и два гола, но ја имаше и таа несреќа да промаши пенал во пенал серијата со селекцијата на Португалија, и Полска остана без полуфинале.
Во дресот на Борусија одигра 197 натпревари во Бундеслигата, а запиша и 27 голови.