Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Александар Волкановски повторно седна на шампионскиот трон во перо категоријата, откако со едногласна одлука на судиите го совлада Диего Лопез. Со оваа победа не само што го врати појасот во своја сопственост, туку и влезе во историјата на УФЦ.
Овој триумф има особено значење бидејќи Волкановски стана првиот борец со најмалку 35 години кој успеал да победи во борба за титула во една од полесните категории.
Токму овие категории, поради природата на брзината, рефлексите и кардиореспираторната издржливост што ги бараат, ретко гледаат шампиони во повозрасна доба. На 36 години, Волкановски го победи времето и стереотипите.
📊🏆 РЕКОРДОТ Е ОБОРЕН: Александар Волкановски е првиот борец што освоил УФЦ појас на возраст од 35+ години во категориите од мува до лесна.
— Home of Fight (@Home_of_Fight) 13 април 2025
Овие категории се особено чувствителни на возраста на борците. pic.twitter.com/ThTsDd539D