Волверхемптон го отстрани волкот од клупскиот грб: Која е причината? (ФОТО)


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Вулверхемптон минатата недела го отстрани волкот од грбот на клубот на сите социјални мрежи.

Популарните волци го направија ова од причини за да укажат дека им е потребно за да го заштитат дивиот свет и затоа се приклучија на Мексиканската кампања за заштита на волците.

„Замислете еден ден без природа. Отсуството на волк од нашиот грб само еден ден ќе ја сигнализира важноста на животните во светот“, соопшти англискиот клуб.

Инаку, еден од најдобрите фудбалери на Волците и член на репрезентацијата на Мексико, Раул Хименез, учествува во оваа кампања.

Кога се решија на овој потег во англискиот клуб, тие беа дефинитивно во право бидејќи гледањето на грбот на Волците без волк навистина изгледа чудно.