Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово на 71 година почина поранешниот возач во Ф1, Ник Лауда. Тој почина 44 години по големата несреќа која ја преживеа.
Тогаш Лауда на самиот старт на трката во Нурбургринг, беше заробен во својот запален болид, а за да бидат работите полоши, немаше ниту кацига, која му испадна од глава.
Тогаш животот му го спасија колегите, кои ги паркираа болидите во близина на неговиот, па успеаа да го извлечат.
„На крајот Мерцарио, Ертл и Лунгер, сите заедно, ме извлекоа од болидот. Ирецот Џон Вотсон клекна зад мене и ме држеше за глава. Го прашав како изгледам, а тој кажа дека не е толку лошо“, кажа Лауда пред многу време.
Сепак, вистинскиот пекол за Лауда почна кога беше пренесен во болница. Почна да ги чувствува првите болки, а очите почнале да му отекуваат.
„Како што реков, моите сеќавања почнуваат од летот на хеликоптерот. Лежев на носилките и го прашав докторот каде летаме, уште не чувствував болка. Почуствував меѓутоа како ми отекуваат очите. Докторот ми кажа дека за 45 минути ќе ме однесат во одлична клиника. Во главата ми одеа црни мисли. Што ако останам слеп? Од тоа најмногу се плашев…“, се потсети Лауда.