Време е за одмазда: Челси „удри“ по Барселона!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Барселона ова лето успеа да договори неколку одлични засилувања, но за каталонскиот гигант сè уште не е завршен преодниот рок, па сака да купи уште фудбалери.

Каталонците претходно ги ангажираа Франк Кеси и Андреас Кристенсен како слободни играчи, по што потрошија 100 милиони евра за Рафиња и Роберт Левандовски.

Челси го имаше договорено Рафиња, но тој сепак реши да потпише за Барселона, а слична судбина најверојатно го чека и Жил Кунде од Севиља.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ова ги изнервирало главните луѓе во Лондон и решиле да ги прекинат сите преговори со Барселона за Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.

Барселона сакаше да ги ангажира двајцата фудбалери, но Челси нема да ги продаде поради тоа што каталонскиот тим веќе им украде неколку играчи.