Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дека времето „лета“ ни докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата легенда на Манчестер Јунајтед во последните децении, Вејн Руни, затоа што е близу до големата сцена.

Кај Руни е еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед и наскоро ќе го видиме на големата сцена. Му е понуден нов договор на Олд Трафорд откако во последните години ги импресионираше сите во славниот англиски клуб.

Според вестите од Англија, Манчестер Јунајтед му понуди на Кај договор со вредност од 50.000 фунти годишно, односно приближно 60.000 евра, што за тинејџер и младич кој игра во академијата, а не во сениорскиот фудбал, навистина е мегадоговор и максимална стипендија за неговата возраст.

Нов договор му е понуден и на Џејс Карик, синот на Мајкл Карик, кој е моментално привремен менаџер на сениорскиот тим.

Младиот Руни треба да го потпише новиот договор во текот на летото, кога ќе ги заврши своите обврски во средното училиште, а потоа следната сезона да го чека својот дебит во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед.