Врховниот суд на Англија ја одреди судбината на поранешниот премиерлигаш


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поради сериозноста со финансиските проблеми Врховниот суд на Англија  даде дозвола на Болтон да ја заврши сезоната во Чемпионшип, каде што го има 23. место на табелата.

Судот во Англија ја разгледуваше ситуацијата на Болтон, на кој му се заканува исфрлување во послаба лига.

Клубот кој неодамна имаше важна улога во Премиерлигата поради сериозни финансиски проблеми има дури два милиони евра неплатен данок.

Врховниот суд му даде рок до осми мај на клупското раководство, кое преговара за продажба, а доколку не се средат долговите, тогаш најверојатно ќе следува жестока казна.