Врвен напаѓач му се нуди на Јувентус!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иднината на Душан Влаховиќ и понатаму е неизвесна. Додека некои пишуваат дека е време за заминување во Шпанија или Англија, други оставаат можност тој сепак да остане во Италија и дури да потпише нов договор со Јувентус.

Српскиот напаѓач сè уште е повреден и бидејќи сè уште е во магла, се остава простор за нагаѓања, пред сè, кои би можеле да го заменат во нападот на Јуве.

Виктор Осимен веќе две години е член на Галатасарај во кој првично стигна како позајмен играч бидејќи Наполи не успеа да го продаде по цената која сами ја истакнаа, а минатото лето турскиот гигант го откупи неговиот договор за 75.000.000 евра.

Сè уште е јасно дека се работи за напаѓач кој мора да игра во најсилните европски лиги и време е да се врати во елитниот фудбал. Затоа, во пресрет на пролетта, почнуваат приказните за неговата иднина и веќе сега се појавуваат некои клубови преку медиумите.

“Можев да потпишам за Јувентус, сакаа да ме доведат, но претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис не сакаше да ме продаде таму. Сигурно, Јуве е врвен клуб и кога тие те повикаат, ти слушаш”, изјави Осимен за Gazzetta dello Sport.