„Вселенскиот брод“ е при крај, се подготвува и пеколно трио – Халанд, Мбапе и Погба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ трае подолго време, а по 18 месеци пауза во недела овој стадион ќе биде домаќин на фудбалски меч.

На трибините ќе може да се најдат околу 30.000 навивачи затоа што јужната и западната трибина не се завршени.

Иако стадионот е големо градилиште, сепак на него може да се играат натпревари. До недела ќе биде поставен нов терен и систем за разглас, како и уредени соблекувални и простор за новинарите.

До 2023 година треба да биде целосно комплетиран стадионот, а исто така Реал планира да купи уште неколку ѕвезди, а една од нив е Пол Погба кој ќе дојде бесплатно.

Шлаг на тортата треба да биде Ерлинг Халанд, кој ќе чини околу 90 милиони евра во 2022 година, а исто така се очекува пристигнување и на Килијан Мбапе.