Вториот најбогат човек на светот сака да го купи Милан за една милијарда евра!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дали доаѓаат подобри денови за Росонерите?

Милан после три одиграни кола во Серијата А има шест освоени бодови и на прв поглед тоа може да се каже дека и не е толку лошо.

Сепак, навивачите на Росонерите не се задоволни со моменталната спремност на клубот и начинот на кој нивниот тим игра со оглед на тоа дека се мачи и против доста лоши клубови.

Последните неколку години, Милан се најде во големи финансиски проблеми поради кои и на неколку пати беше казнет, а ова лето во Сан Сиро не се потрошија големи суми на пари а со самото тоа во клубот не пристигнаа големи засилувања.

Меѓутоа, ситуацијата набргу драстично би можела да се промени во овој клуб бидејќи италијанските медиуми пишуваат дека вториот најбогат човек во светот се спрема да го превземе клубот.

Бернард Арнулт, кој е сопственик на светски познатиот бренд Луис Витон е спремен да го купи Милан за дури една милијарда евра! Неговото богатство се проценува на околу 90 милијарди евра и затоа ни е јасно зошто не му е проблем да испрати понуда како што е оваа.

Моменталниот сопственик на Милан – корпорацијата Елиот Менаџмент нема намера да го продаде италијанскиот великан и ги одбиваше и претходните понуди кои се движеа од 550 до 800 милиони евра.

Меѓутоа, Арнулт нема да се откаже така лесно и се верува дека тој има план како да го трансформира клубот и како да го врати на старите стази на славата.