Вујовиќ: Вардар го спаси ракометот во Македонија, ако не го освоеше трофејот во ЛШ…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веселин Вујовиќ повторно е во центар на внимание на македонската јавност, откако во неговото последно интервју за босански медиум зборуваше и за актуелниот европски првак Вардар.

Вујовиќ кажа дека ниту проблемите со платите не ги спречило ракометарите на Вардар да се борат храбро и да го освојат трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), а со тоа и да го спасат македонскиот ракомет.

„Спортот е навистина неверојатен. Во него се случуваат многу феноменални приказни. Се зборува како некои ракометари не добиваат плата по три, шест, па и 21 месец, но и покрај тоа создаваат хемија во тимот и го освоија трофејот во ЛШ. По освојувањето на титулата, веднаш се појавија спонзори и реагираше Владата. Доколку не го освоеше трофејот, којзнае што ќе се случеше со ракометот во Македонија“, вели Вујовиќ.