Вулверхемптон го потврди доаѓањето на фудбалерот на Милан


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Вулверхемптон во текот на денот го потврдија трансферот на Патрик Кутроне од редовите на Милан.

21 годишниот напаѓач се обврза на четиригодишна верност со клубот од „Мулинукс“ стадионот.

„Многу сум задоволен што сум овде затоа што клубот навистина ме сакаше. Среќен сум и сакам да го дадам максимумот за овој клуб. Да имаш можност да играш во Премиер лигата во дресот на Вулверхемптон е фантастично. Со нетрпение очекувам да започнам“- истакна Кутроне.