За децата ќе се договорат, парите се проблем: Пике мора да подели 700 милиони евра со Шакира

Колумбиската пејачка Шакира потврди дека се разделила со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике по долга љубовна врска.

Шпанска „Марка“ пишува дека во моментов главен проблем е старателството над децата, па Шакира и Пике ќе почнат судски процес за двете деца.

Шпанските медиуми откриваат дека постои и поголем проблем за поранешниот љубовен пар, а тоа е нивното богатство.

Иако не беа во брак, Пике и Шакира во тој период заработија 700 милиони евра, кои ќе мора сега да ги поделат, но не станува збор само за пари, туку ќе треба да бидат поделени и акциите во нивните компании.