Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот возач Карлос Саинц го загуби местото во Ферари за 2025 година, па сè уште бара нов тим, а во медиумите се појавуваат различни шпекулации.
Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф кажа дека му веруваат на младиот Кими Антонели за втор возач од следната сезона, но очигледно се промениле работите.
Медиумите пишуваат дека Антонели имал лош старт во Формула 2, а тоа го вклучило алармот во Мерцедес, па Волф не сака да ризикува со младиот возач и затоа сака подобро решение.
Како нови екипи на Саинц се споменуваа и Хас и Вилијамс и Алпин, но засега Мерцедес има најголеми шанси за неговиот потпис.