За малку ќе се удавеше, ама не се откажува: Добро сум и пак ќе пливам!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вистинска драма се случи на Светското првенство (СП) во пливање во Будимпешта, кога американската спортистка Анита Алварез се онесвести и потона до дното на базенот.

Андреа Фуентес, која ја тренира, веднаш скокна во водата и ја спаси Алварез, која за малку ќе се удавеше.

„Многу сум благодарна што ја имам како тренер. Кога дознавм дека ќе ме тренира, не ми се веруваше. На самиот крај прекинав да ја чувствувам раката, но не сакав да се откажам. Но, потоа се сеќавам дека почнав да тонам и знаев дека не е добро“, открива пливачката.

Иако пред два дена ќе се удавеше за малку, сепак Алварез не се откажува и кажа дека ќе биде покрај нејзиниот тим.