Заби ‘нож во срцето’ на Реал, па сега ‘предавникот’ се враќа како тренер?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот Флорентино Перез интензивно бара нов шеф на стручниот штаб во шпанскиот великан, а еден од кандидатите е и легендарниот Луис Енрике.

Мадридскиот Реал е во потрага по човек кој ќе ја поведе екипата во наредната сезона. Се очекува дека до крајот на сезонава на клупата ќе остане Алваро Арбелоа, но и тоа е под огромен знак прашалник.

Сепак, доста прашања се поставуваат околу името на новиот тренер. Со кралскиот клуб се поврзуваат многу имиња, а најчесто германскиот стручњак Јурген Клоп.

Секако, Германецот не е единствениот кандидат. Се споменуваат уште Унаи Емери, Сеск Фабрегас, а сега и легендарниот Луис Енрике.

Некои медиуми објавија дека Реал Мадрид е отворен за разговори со 55-годишникот кој меѓутоа е меѓу навивачите означен како предавник уште пред 30 години.

Тогаш како фудбалер, Луис Енрике го напушти Реал и премина во најголемиот ривал Барселона. Таквиот потег го оправда со следниве зборови.