Задоцнил на тренинг, па се правдал: Ме киднапираа вонземјани!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Бока јуниорс, Гилјермо Марино овие денови е во центар на внимание поради една приказна од пред десет години.

Кариерата на фудбалерот траеше 15 години, а додека играше за Бока јуниорс имал еден необичен изговор, поради што му се смее цел свет.

Виновник за тоа е неговиот поранешен соиграч Густаво Лоренцети, кој открил дека Марино при доцнење на тренинг кажал дека го киднапирале вонземјани.

„Ни објасни дека се загубил, дека го киднапирале, му ја земале душата и ја анлизирале. Така нешто. Даде одлично објаснување и сите му верувавме“,открива Лоренцети.

Лоренцето додаде дека цела приказна е достојна за да се направи емисија на „Дискавери“.