Захариевски: Ветувам голема борба за победа на секој меч на Вардар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вардар ангажира нов тренер по само четири одиграни кола во македонската Прва лига, па така во иднина на кормилото ќе биде Срѓан Захариевски.

Захариевски пристигна во Вардар како замена за Горан Петрески, а веднаш најави напорна работа и борба за победа на секој меч.

„Благодарен сум на шансата. Доаѓам во непријатен момент, немам посебна можност да сменам во играта и составот, но ќе се обидеме во последните дена од преодниот рок да се засилиме на неколку позиции. Вардар е тим кој на секој меч треба да оди на победа“, кажа Захариевски.