Захави мисли дека го претставува Роналдо: Тој од Баерн за Алаба бара неверојатна плата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покерот помеѓу Баерн и Давид Алаба продолжува со следната рунда преговори, па затоа големото прашање е кој ќе има повеќе трпеливост.

Имено, преговорите меѓу двете страни за продолжување на договорот траат веќе неколку недели, но решение не е на повидок.

Агентот на Алаба, Пини Захави, бара од Баерн петгодишен договор според кој неговиот клиент би заработувал 25 милиони евра годишно.

На Баерн ќе биде многу тешко да се согласи на овие барања, а она што го нуди е осум милиони помалку од она што го сака Захави, односно 17 милиони евра годишно.

Тековната годишна плата на Давид Алаба во Баерн е 15 милиони евра, а проблем е што нема понуди за неговите услуги.