Замина од Мадрид и за 28 минути за новиот тим даде повеќе голови отколку на 51 за Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ во првиот меч за Фиорентина против Реал Виченце постиган повеќе голови, отколку на 51 натпревар за Реал Мадрид, каде што вкупно погоди три пати.

Јовиќ против италијанскиот нисколигаш играше во второто полувреме, а интересно е тоа што за 28 минути постигна четири голови.

Фудбалерот од Србија прво погоди од пенал, а потоа со глава, додека до крајот на мечот уште двапати ја затресе мрежата.

Јовиќ во Фиорентина пристигна бесплатно, иако имаше уште три години од договорот со „кралевите“, кој ќе добие одреден процент при следна продажба.

„Ми требаше ваков чекор во кариерата. Го сакам италијанскиот фудбал и мислам дека ќе се прилагодам на екипата“, кажа Јовиќ.