„Заминувам од Торино! Мојот нов клуб е Монако“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Трансферот е вреден 15 милиони евра.

Торино не издржа. Остануваат без еден од своите најдобри играчи. Стоперот Камил Глик потврди дека го напушта италијанскиот клуб, бидејќи на неговата адреса стигна голема понуда од Монако.

Полскиот репрезентативец одговори позитивно и штом со својата селекција ќе го заврши учеството на Првенстово на Европа, а наредната пречка е Португалија во четврток вечер во Марсеј, патува на југот на Франција, да стави потпис на договор со Кнежевците.

Првите информации зборуваат дека договорот ќе биде вреден 15 милиони евра, колку што Монако проследи во Торино, но дека во таа сума се со  спресметани бонуси на основа на бројот на одиграни натпревари  и евентуални трофеи.

„Понудата на Монако е најдобра која штоја добивме и Торино и јас. Освен неа, имавме понуда од Бешикташ, таа не одговараше на мојот сегашен клуб, со почит кој нив не ја ни разгледував.

Моментално размислувам само што подобро да го одиграме завршницата на ЕП, а после тоа одам на лекарски прегледи и се останато што следи во договорот“,  рече за полските медиуми Камил Глик.

Глик има 28 години, а во последните пет сезони беше стандарден во дресот на Торино.

„После пет години во Торино време е да размислувам за иднијната. Потребна ми е промена. А Монако ќе игра квалификации за Лигата на шампионите“, додаде Глик.