Заминување на легендата – Данкан се пензонира


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар на Сан Антонио Спарс, Тим Данкан одлучи да ја заврши кариерата.

Минатата сезона имаше учинок 8.6 поени, 7.3 скока за 25 минути, а во плеј-офот имаше учинок 5.9 поени и 4.8 скока.

Данкан во 1997-ма година беше прв пик на Сан Антонио и целата кариера ја помина во клубот од Тексас.

Во 19 сезони во најсилната лига на светот освои 5 прстени, 3 пати беше МВП во финалето, два пати најдобар играч на лигата, 15 пати играше на ОЛ-Стар.

Најверојатно неговата замена ќе биде По Гасол од Чикаго Булс кој за 2 години ќе добие 30 милиони долари.