Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помина цела деценија откако Интер ја освои тројната круна, а дел од таа екипа беше и македонскиот капитен Горан Пандев, кој одигра важна улога во тимот.
Хавиер Занети во моментов е во домашна изолација со семејството, па времето го поминуваат гледајќи ги натпреварите од тој период, а притоа се потсети и на Пандев и неговата мајсторија против Милан.
„Сите го гледавме дербито со Милан, против кој победивме со 2-0. На моите деца им ја покажав мајсторијата на Пандев. Сакам да ги научам децата на историјата на Интер“, кажа Занети.