Заработувал како ѕидар, го победи туморот, а потоа потпиша за премиерлигаш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во фудбалот во претходните години можевме да видиме неколку неверојатни приказни за тоа како од самото дно до врвот стигнуваат спортисти затоа што не сакаат да се откажат од нивните соништа.

Еден од таквите примери е и францускиот фудбалер Флорент Индалесио, кој во моментов игра за резервниот тим на Њукасл, а многумина сметаат дека наскоро би можел да добие шанса и во првиот тим.

Меѓутоа, патот на овој 23-годишен фудбалер не бил воопшто едноставен и успеал да дојде на чекор до исполнување на своите соништа затоа што не се откажал ниту кога му било најтешко.

Фудаблерот ја почна кариерата во француски нисколигаш, каде што му беше откриен тумор, поради кој мораше да оди на операција и туморот беше успешно отстранет.

Иако докторите му прогнозираа дека нема да ја продолжи кариерата, младиот фудбалер не се откажа од соништата и затоа доби нов договор од Њукасл.