Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е прогласен за играч на месецот во Милан. Се шпекулираше за заминувањето на Јовиќ од Милан, а сега изгледа дека е многу потребен за тимот.
Кога се чинеше дека српскиот напаѓач испаднал од сите планови на Милан, сега успеа да го привлече вниманието на фудбалската сцена.
Со голови против Наполи и Фиорентина заработи место во стартната постава, а со два гола во реваншот од полуфиналето на Купот против Интер целосно ја оправда укажаната доверба.
Изгледа дека со тоа ги обезбеди своите денови и подобра иднина на Сан Сиро. Додека се очекува официјализирањето на продолжувањето на соработката, Јовиќ доби убаво признание. Српскиот напаѓач на официјалниот сајт на Милан е изгласан за играч на месецот.
Фото: Принтскрин