Застрашувачките 11 на Јуве, доколку дојде Нејмар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските и шпанските медиуми во последните денови објавија информација дека Јувентус преговара со ПСЖ околу доведување на Нејмар.

Старата дата би го пратила Дибала и пари како замена, додека бразилскиот ас би станал нов член на најтрофејниот италијански клуб.

Тешко е да се верува во ваков расплет со оглед на тоа што Јувентус имаат лимитиран буџет кога е во прашање евентуалната плата на одличниот Бразилец.

Преодниот рок во Италија трае до 2. септември до кога Јуве ќе има рок во своите редови да го доведе еден од најдобрите играчи на денешницата.

Во меѓувреме шпански АС состави идеални 11 на Јувентус доколку Нејмар би дошол во овој тим.

На голот би бил Шчесни, во последната линија би биле Алекс Сандро, Де Лигт, Бонучи и Данило.

Клучен играч во средниот ред секако би бил Пјаниќ, а триот на центарот би го сочинувале уште Рабиот и Кедира.

Нападот покрај Нејмар би го предводеле Роналдо како централен напаѓач и Бернардески кој би играл на десното крило.