Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ресторанот на НБА ѕвездата Џејмс Харден во Хјустон е под клуч поради наводен долг за наем кој надминува 2.2 милиони долари. Ресторанот Thirteen, отворен во 2021 година, привремено е затворен, а на вратите е поставено известување за иселување, пишува Daily Mail.
На влезот на ресторанот на 1 септември беше поставено известување во име на сопственикот на зградата, компанијата Midtown Scouts Square Property. Во него се наведува дека компанијата Thirteen Hospitality Group, LLC, која управува со ресторанот, должи точно 2.217.430,05 долари за неплатен наем. Поради неплаќањето, бравите на ресторанот се променети.
Сепак, во писмото, за кое прв известил CultureMap Houston, стои дека новиот клуч ќе биде предаден штом се платат “заостанатиот наем и други износи доспеани според договорот за наем”.
Според судските документи кои ги цитира Click 2 Houston, ресторанот исто така го прекршил договорот за наем бидејќи просторот не бил одржуван согласно градските прописи. Сопственикот на зградата наводно побарал исплата на долгот на 21 август, но барањето било одбиено, што довело до раскинување на договорот за наем.