Завршено и седмото засилување во Ливерпул – голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клоп се одлучи да потпише со поранешниот голман на Арсенал и Јувентус.

Се нижат засилувања како на трака во Ливерпул. Во зимата Јирген Клоп свесно го преспа преодниот рок, за ова лето да направи тим по свој вкус. Јануари го искористи само да за ги доведе Грујиќ и Матип, а ова лето тој ги додаде тие двајца и многу други засилувања во тимот.

Седмиот трансфер во Ливерпул е австрискиот ветеран, Алекс Манингер. Иако има 39 години, Манингер го натера Клоп да му понуди договор.

Австриецот е слободен играч после тоа што му истече договорот со Аугсбург. Клоп го повика на проба и го доби она што го бараше. Австрискиот ветеран неколку недели тренираше со црвените и остави позитивен впечаток. Клоп му понуди 1-годишен договор и наскоро ќе следуваше официјална потврда. После тоа Манингер ќе патува на припремите во Америка и ќе биде трет голман.

Манингер после 14 години се врати на островот. Беше член на Арсенал од 1997-ма до 2002-ра година. После бранеше за Фиорентина, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Салзбург, Удинезе и Јувентус.