Заврши сагата: Кејн потпиша за Баерн Минхен (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германските медиуми објавија дека англискиот голгетер Хари Кејн конечно потпиша договор и се сели од Тотенхем во Баерн Минхен.

Најдобриот стрелец во историјата на премиерлигашот и Англија синоќа стигна на медицински прегледи, по што околу два часот по полноќ го потпишал договорот со Баерн.

Кејн ќе го носи дресот на гигантот во следните четири сезони, а синоќа беше снимен пред седиштето на Баерн Минхен.

Баерн ќе му плати 100 милиони евра плус 10 во бонуси на Тотенхем, а Кејн би можел да дебитира уште вечерва против Лајпциг.