Збогум, „Сан Сиро“: Милан и Интер градат заеднички стадион вреден 700 милиони евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По 93 години „Сан Сиро“ ќе замине во историјата, откако Милан и Интер, наводно, се договориле да го урнат стадионот и да изградат нов модерен, кој ќе чини 700 милиони евра, а ќе биде подготвен за сезоната 2022/23.

„Ла Република“ пишува дека стадионот ќе се наоѓа веднаш до „Сан Сиро“, кој најверојатно ќе биде урнат.

Тоа е еден од најстарите и најпрепознатливите стадиони во Европа, а изграден е во 1926 година, додека бил реновиран четири пати – во 1935, 1955, 1990 и 2016 година.

На „Сан Сиро“ играа многу легендарни фудбалери, а на него беа прославени дури десет европски трофеи.