Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најголемите таленти на светската фудбалска сцена, Винициус Јуниор во интервју за шпанскиот медиум АС изјави дека не му се верувало оти Реал и Барса го посакувале во своите редови, и мислел дека тоа се само медиумски шпекулации.
Овој одличен крилен фудбалер премина во Реал во летото во 2018. година, а во споменатато интервју откри дека имал понуда и од Барселона. Сепак, како што кажува, татко му му рекол да одбира со срцето.
„Мислев дека тоа не е вистина и дека тоа се само медиумски шпекулации. Ме посакуваа Реал Мадрид и Барселона. Татко ми ме советуваше кога правам избор да го правам од срце и да го следам тој пат“.
„Кога бев претставен во Реал тоа беше посебен ден. Бев многу нервозен бидејќи тој ден морав да зборувам на шпански а тогаш започнав да го учам. Тој ден и Роналдо(Бразилецот) дојде на претставувањето. Легенда како него… Бев пресреќен. Тоа беше еден од најдобрите денови во мојот живот“.
Винициус во Мадрид имаше многу добра сезона. Има запишано 36 натпревари, има постигнато седум погодоци и има запишано 13 асистенции.
Кажува како во Мадрид му помогнале многу негови сонародници како Касемиро и Марсело.
„Кога пристигнав беше многу тешко. Не е лесно да сте многу оддалечени од луѓето кои ги сакате. Касемиро и Марсело ми помогнаа бидејќи знаеа низ што поминувам. Секогаш ме советувале што да правам на теренот, но и надвор од него“, изјави Винициус.
Оваа сезона има одиграно 10 натпревари, има постигнато по еден гол и една асистенција.