Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако се очекуваше многу од Мерсисајд дербито,екипите на Евертон и Ливерпул не прикажаа многу по враќањето на фудбалот по 100 дена пауза.
Натпреварот одигран на „Гудисон Парк“ заврши без победник и без постигнат погодок во некоја од мрежите на голманите.
Возбудувања видовме само кон самиот крај на средбата кога Евертон имаше сосема солидна шанса за победа, а во меѓувреме имаше и уште неколку полуприлики.
По овој натпревар Ливерпул има 83 бода и им фалат уште пет за и математички да ја обезбедат титулата во Премиер лигата.
Што се однесува до меѓусебните натпревари со Евертон, ова беше 19 натпревар со ред на кој Ливерпул останува непоразен против својот градски ривал.