Земјотрес во светот: Гигантите формираа Суперлига, познат е форматот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот свет ќе се промени затоа што синоќа 12 клубови објавија дека ќе формираат Суперлига. Ново натпреварување кое беше создадено со цел да се вклучат уште осум гиганти.

Клубовите од Франција и Германија ја одбиле идејата, па се доведува до прашање квалитетот на натпреварувањето, во кое не би играле ПСЖ и Баерн Минхен.

„Најважните европски тимови се договорија за ново натпреварување – Суперлига, во која ќе бидат Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Реал Мадрид и Тотенхем“, соопштија клубовите.ж

Лигата официјално е формирана минатата ноќ, а нема сомнеж дека ова ќе предизвика големи реакции, а и УЕФА се закани со сериозни санкции.