Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австрискиот фото-модел Ванеса Марипоса е една од најатрактивните навивачки на трибините на Европското првенство (ЕП), а ја поддржуваше и својата селекција, која испадна од Италија поради поразот од 1-2.
Ванеса ќе ја гледаме на трибините до крајот на ЕП, со оглед на тоа дека има нов фаворит, а тоа не го криеше ниту во своите изјави.
„Интересно е Европското. Има добри натпревари, а во завршницата ќе навивам за Шпанија. Можеби ќе им донесам среќа на тие момци. Се надевам дека ќе ја освојат титулата“, вели Ванеса.
Ванеса се поврзуваше со многу фудбалери, а најзвучно име беше Марко Арнаутовиќ, но тоа биле само шпекулации за нејзиниот љубовен живот.
Згодната девојка од Австрија работи и како фитнес-тренер, а на Инстаграм има речиси половина милион фанови.