Згодни дами танцуваа пред Балак, а тој на телефон си го гледаше – Челси! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалот е најважната споредна работа во светот, а тоа го покажува и сцената која беше снимена во саботата за време на финалето во Лига на шампиони, кое му припадна на Челси.

Додека фудбалерите на Манчестер сити и Челси водеа битка за трофејот, легендарниот Михаел Балак уживаше во еден бар и пиеше пијалок, но го гледаше и натпреварот на неговиот мобилен телефон.

Балак на крајот имаше причина за прослава бидејќи трофејот му припадна на тимот за кој играше во минатото.

Германецот беше член на „сините“ во период од 2006 до 2010 година, а со Челси играше финале во Лига на шампиони, но има и титула во Премиерлигата, ФА-купот и Лига Купот.