Најдобар играч на Европа? Ова се кандидатите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓу кандидатите за најдобар фудбалер на Европа се и Крос и Пепе.

Кандидатите за најдобар фудбалер во Европа во сезоната 2015/16 година се Герет Бејл (Велс, Реал Мадрид), Џанлуиџи Буфон (Италија, Јувентус), Антоан Гризман (Франција, Атлетико Мадрид), Тони Крос (Германија, Реал Мадрид), Лионел Меси (Аргентина Реал Мадрид), Томас Милер (Германија, Баерн), Мануел Ноер (Германија, Баерн), Пепе (Португалија, Реал Мадрид), Кристијано Роналдо (Португалија, Реал Мадрид) и Луис Суарез (Уругвај, Барселона), е одлучено на 55-членото жири на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Жирито како и секоја година го сочинуваат по еден новинар од земјата членка на УЕФА, а во оваа година бројот е 55 членови бидејќи е приклучен член на Косово.

На основа на гласовите и збирот на поените десет споменати фудбалери влегоа во потесниот избор за престижната награда, која ќе биде традиционално доделена на свечената церемонија при ждребот на ЛШ, во оваа година на 25 август во Монако.

Списокот со номинирани ќе биде редуциран после вториот круг на гласање, чии резултати ќе бидат објавени на 5 август.

Тогаш ќе бидат познати кои тројца фудбалери ќе влезат во трката, финален круг, а победникот ќе биде прогласен после гласањето на денот на изборот на најдобар фудбалер во Европа во Монако.

Вкупно, во првиот круг беа номинирани 37 играчи, меѓу кои и двајца од Балканот, односно Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид(, кој заврши на 16 место, и Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид).

Титулата најдобар фудбалер во Европа од 2015 година ја брани Лионел Меси. Претходни освојувачи на наградат аза најдобар играч на Европа се Кристијано Роналдо (2014 година), Франк Рибери (2013), Андрес Иниеста (2012) и Лионел Меси (2011).