Жалбата не помина: Нема да се проширува Лига 1, Амиен и Тулуз испаднаа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на француската Лига 1 меѓу првите реши да ја прекине фудбалската сезона и да прогласи шампион, како и клубови кои испаѓаат во понизок ранг.

Уште на почетокот на мај беше потврдено дека фудбалската сезона во Франција е завршена, а ПСЖ е шампион, додека во понизок ранг се селат Амиен и Тулуз.

Меѓутоа, клубовите се жалеа на оваа одлука, па бараа проширување на лигата на 22 тима. Врховниот суд ја суспендиаше одлуката дека испаѓаат овие тимови, но францускиот шампионат сепак го истера своето и ги испрати Амиен и Тулуз во понизок ранг.

„Раководствотвото на Лига 1 одржа гласање на кое 74,49% од членовите не сакаа да се прошири лигата и следната сезона во најсилниот ранг ќе играат 20 клубови“, соопштија од Франција.